Интервју Интервју


Ако живее Ромскиот јазик, ќе живеат и Ромите!

''Tey jivdi i chib jivdo si thay o Rom!''

Ибрахим Османи

Јазикот е прва и најважна карактеристика на еден народ. Секој народ го добил своето име по јазикот што го говори. Сите народи го чуваат, развиваат својот јазик како суштинска материја. Меѓутоа кај Ромите не е така. Тие со години бегаат од него, се срамат и не ги учат своите деца на мајчиниот јазик, но и покрај тоа тој сепак до денешен ден се задржал во усна форма, делумно во писмена

Ромската историја е голема ненапишана Одисеја, што постои само во нивната свест. Зад Ромите има малку податоци од историски извори. Луѓето што не пишуваат за себе, како и да не постојат. Затоа, долго време кружеа претпоставките кои се Ромите и од каде тие потекнуваат. Ромите направиле голем излет по Светот и на тие патишта ги следела и зла среќа. Сепак, благодарејќи на добриот дух и со мали или големи загуби, успеале да опстанат до денес, зачувувајќи ја својата посебност и специфичната култура. Нивната жар никогаш не се гаси. Коренот на секое зло е во незнаењето. Што значи одредено име? Тоа што ние денес го нарекуваме роза, под било кое има ќе мириса исто.

читај повеќе...


Луѓето ќе дадат пари за жртви од цунами, но не и на децата Роми од нивното соседство.

Ивана Енэлер, амбасадор на Швајцарија во Република Албанија

Во мојот јазик, има една изрека која вели вака: "Помогни си себе си за да ти помогне и Господ". Не-Ромите може и треба да им помогнат на Ромите со цел да им ја подобрат нивната состојба, но оваа обврска лежи токму кај самите Роми, констатира амбасадорката Ензлер


Ивана ЕнзлерИвана Ензлер е амбасадор на Швајцарија во Република Албанија. Таа во 1979 година се вклучила во Швајцарскиот дипломатски сервис и ја почнала својата кариера во Берн, потоа во Брисел, Рим, Вашингтон и потоа повторно во Берн. Од 1998 до 2002 година, Ензлер е заменик шеф на мисијата на Швајцарската амбасада во Сараево, а од 2002 до 2007 година, шеф на истата мисија во Приштина.

Таа е и член на Бордот на Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. Нејзината функција како амбасадор и како член на Бордот ја доживува како богато животно искуство и запознавање на различните области од општествениот живот и дејствување. Поради долгогодишно присуство на Балканот, таа многу добро ги познава приликите во балканските земји. Образованието и зголемувањето на свеста кај родителите Роми дека треба да ги праќаат своите деца во училиште е главниот услов за напредок кај оваа популација, пред сè социо-економски.

читај повеќе...


Образованието на децата треба да биде прв приоритет на сите Ромски родители

Реџеп Али Чупи, Управа эа раэвој и унапредување на обраэованието на јаэиците на припадниците на эаедниците

Во моментов од Министерството се иницирани два големи проекти, изградба на средно комбинирано гимназиско и стручно училиште во општината Шуто Оризари во која ромското население е мнозинство, како и проектот за воспоставување на катедра по Ромолошки студии и студии по Ромски јазик на педагошките факултети во земјава, вели Чупи


Реџеп Али ЧупиРеџеп Али Чупи е директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. Оваа институција е орган во рамките на Министерството за образование и наука и таа се грижи за образованието на помалите етнички заедници во насока на создавање на услови за воведување на настава на мајчин јазик и промоција на принципите на меѓуетничка толеранција, мултикултурно општество и соработка.

читај повеќе...


Јас не сум ни Циган, ни Џипси, јас сум Ром!

Портрет Фаик Абди, прв ромски пратеник на ПЦЕР

Многу ми е криво што се зафатив со оваа проблематика, а не ја довршив, иако таа крај нема. Насоки и правци има. Многу НВО зборуваат за образование, само кој ги слуша. Ќе кажам уште една турска поговорка: после Хуриетот ги отворија Босфорот и Дарданелите и Турците јуначки викнале: каналот не го даваме!. А Евреите од другата страна викале: Кој ве прашува? Така е и сега.


Фаик АбдиФаик Абди е првиот Ром од поновата македонска историја кој стана пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот од 1991 до 1994 година, како и од 1994 до 1998 година. Тој е основач и прв претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР). Абди бил и учесник и на првиот ромски конгрес кој се одржал во Лондон во 1971 година. Тој тврди дека, сега, кога ќе се сврти назад и ќе направи една ретроспектива на неговиот живот и политичко дело, најмногу му пречи што повеќе од 30 години се посветил на ромското прашање, но оти немал време да го заврши. Абди тврди дека неговата партија нема толкава моќ и сила како кога тој бил претседател бидејќи, како што вели, нема кој да ја организира младината. Тоа што Ромите денес се нарекуваат Роми, а не Цигани или Џипси, за него е еден од поголемите успеси во неговата кариера и во неговите напори да се избори за правата на Ромите во Македонија. Најмногу жали што неговите соработници, колеги, следбеници го заборавиле и веќе со години никој не го посетил во неговиот дом во скопската општина Шуто Оризари.

читај повеќе...